ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ХРВАТСКА: Автомобил излетал од патот, двајца загинати
Во тешка сообраќајка во Хрватска на автопатот А3 недалеку од Славонски Брод загинале две лица, јавува Индекс.хр.
Според досегашните информации, познато било дека автомобил со германски регистарски таблички излетал од патот, ја пробил заштитната ограда и влегол во провалија.
„Според моменталните информации во автомобил со германски таблички се наоѓале две лица кои загинале. Полициските службеници вршат увид на местото на настанот, со што ќе се утврди што и претходела на оваа сообраќајна несреќа“, стои во соопштението на полицијата, преесуваат хрватските медиуми.
Брзата помош, пожарникарите и полицијата набргу стигнале на местото на настанот по несреќата, а повеќе информации се очекуваат утре.
Извор: „index.hr“.