Тешка сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, во прекин сообраќајот за товарни возила

Македонска полиција / Фото: МИА

 Заради сообраќајна незгода која се случи вечерва по 17:00 часот на патот Струмица – Радовиш, кај селото Владевци, повеќе од еден час беше во прекин сообраќајот за товарни возила.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила. Повредени и загинати нема, а причинета е само материјална штета.

На местото на незгодата увид извршила полицијата и по завршувањето сообраќајот повторно е нормализиран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот