Тешка сообраќајка на Партизанска, искршени неколку возила има и повредени (ФОТО)

Тешка сообраќајна незгода се случила пред 15 минути на булеварот Партизански одреди во близина на Градската болница „8 Септември.

Очевидци на настанот сведочат за тешка сообраќајна незгода во која се искршени неколку возила, а има и повредени.

Фото: Слободен печат

 

– Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР.

Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза”, а еден во болницата „Свети Наум Охридски”.

Фото: Слободен печат

Полицијата е на местото на настанот и врши увид за причините за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот