ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ФИЛИПИНИТЕ: Загинаа девет ученици

Најмалку девет ученици загинале, а 16 се повредени на Филипини кога камионот во кој се наоѓале изгубил контрола, се превртел и паднал, соопшти филипинската полиција.

Полицискиот инспектор Нелсон Саквибал изјави дека неколку од повредените, меѓу кои и возачот, се префрлени во болница во градот Болџун во централната провинција Себу.

Учениците од две средни училишта требало да присуствуваат на фестивал за култура, здравје и спорт во центарот на градот.

Саквибал во телефонски разговор за АП изјави дека некои од учениците биле заробени под камионот, додека другите заедно со возачот биле исфрлени од ударот. Тие се згрижени од локалните жители, полицијата и пожарникарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот