ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТ КОН БЕЛГРАД: Татко и ќерка загинаа на лице место, повредено бебе (ФОТО)

Педесет и деветгодишен маж и 33-годишна жена настрадаа утринава во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кон Белград кај Мала Крсна.

Како што информира Курир.рс, се претпоставува дека настрадале татко и ќерка.

На седиштето зад возачот и совозачот во возилото од марка „шкода фелициа“ седеле две девојчиња, едното на возраст од една година, а другото имало 14 години, а до нив имало и постара жена.

Девојчињата биле пренесени во Универзитетската детска клиника и како што дознаваат медиумите, двете се свесни и комуницираат.

До несреќата дошло кога „шкодата“ со заејечарски регистерски ознаки се движела по коловозната лента, од засега непознати причини со предниот десен крај удрил во возило на „Патишта Србија“ кое стоело во лентата за запирање. Потоа „шкодата“ удрила и во банкината.

Според последните информации, на оваа делница сообраќајот се одвива отежнато.

Полицијата врши увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот