ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Мотоциклист повредил четири жени на Илинденска

Фото: Сител

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Илинденска“ во близина на Средното училиште Орце Николов, пренесува Сител.

Според очевидците за Сител, мотоциклист на пешачки премин повредил четири жени.

Пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со неколку возила на Брзата помош биле пренесени во болница.

На местото на несреќата на терен излегла полицијата каде во моментов врши увид.

Видео на денот