ТЕШКА СООБРАЌАЈКА кај Врање, едно лице загинало, тројца потешко повредени

Во сообраќајна несреќа на автопатот кај Врање, Србија, во судир на две патнички возила, едно лице го загубило животот. Три лица се потешко повредени, пренесува РТС.

Несреќата се случила од правец Ниш кон Врање, кај местото Бресница. Повредните лица биле згрижени во Ургентното одделние на Здравствениот центар во Врање.

Едно лице, со тешки телесни повреди опасни по живот, починало во Здравствениот центар 45 миути по приемот, потврдила за српските медиуми докторката Милена Антиќ, специјалист за ургентна медиција.

Три лица се здобиле со потешки повреди на главата и градниот кош, кои не се опасни по живот, јавува РТС.

Увидот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот