Тешка сообраќајка кај „Скопјанка“ утринава- се судрија комбе и автомобил

Фото МВР

Утрово на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ кај трговскиот центар „Скопјанка“ се случи тешка сообраќајна несреќа. 

Во сообраќајна несреќа се судрија патнички автомобил и комбе. Според првичните информации патниците се здобиле со полесни повреди, а интервенирала и Брза помош.

Сообраќајот подолг временски период беше во прекин во овој дел од Скопје.
Видео на денот