Тешка несреќа во Чаир–повреден градежен работник итно пренесен во болница

Градежници Фото архива на Слободен печат

Педесет и седумгодишен работник од Крива Паланка се повредил додека извршувал градежни работи на зграда во изградба на улицата „Босна и Херцеговина” во Скопје.

– Вчера околу 12:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека, додека извршувал градежни работи на зграда во изградба на улица „Босна и Херцеговина”, со повреди се здобил А.С.(57) од Крива Паланка. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош, се вели во соопштението од МВР.

За настанот, како што информира МВР, бил известен трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот