Тешка навреда за Наполи и Неапол: Доколку играше во Торино, Марадона сè уште ќе беше жив
Диего Армандо Марадона најдобрите моменти во клупската кариера ги имаше во Наполи чиј дрес го носеше од 1984 до 1991 година.
За тоа време на Наполи му ги донесе единствените две шампионски титули како и трофејот од Купот на УЕФА. Во исто време фудбалскиот волшебник беше симбол на сиромашниот италијански југ со богатиот север, имаше статус на божество кај навивачите на Наполи, додека беше најомразениот фудбалер кај противничките фанови.
Поделбите помеѓу југот и северот траат и до денес, а страстите дополнително ги возбуди еден од најдобрите италијански дефанзивци и легенда на Јувентус, Антонио Кабрини.
– Доколку играше во Јувентус, Марадона ќе беше жив уште долго време. Опкружувањето во Неапол го уништи. Во Торино е поинаку отколку во Неапол. Неговата љубов кон Наполи беше силна и автентична, но во исто време и болна – изјави Кабрини кој му оддаде признание на Марадона за тоа што го правеше на терените.
– Диего беше легенда и џентлменски противник на теренот. Како и сите големи шампиони, можеше да го прикаже и најдоброто и најлошото во исто време.
ВИДЕО: Неверојатни сцени пред стадионот на Наполи, огномет во чест на Диего
ВИДЕО: Наејмотивната приказна: За да спаси живот на дете, Марадона играше фудбал во кал