Терористот кој го промени полот и нападна џамија во Минесота осуден на 53 години затвор

Терористот кој го промени полот и нападна џамија во Минесота, Мајкл Хари / Фото: Принтскрин

Лидерот на милитантната група од Илиноис, за која властите велат дека е организатор на бомбашкиот напад врз џамијата во Минесота во 2017 година, во понеделникот беше осуден на 53 години затвор. За среќа, никој не беше повреден во нападот, но тој беше окарактеризиран како злосторство од омраза.

Емили Клари Хари, порано позната како Мајкл Хари, неодамна објави дека е трансродна личност, денеска беше осудена на затвор. Јавниот обвинител и жртвите побараа доживотна затворска казна, додека нејзините бранители побараа минимална казна од 30 години, бидејќи таа не презеде одговорност за нападот.

Никој не загина во бомбашкиот напад во центарот, но жртвите сведочат за големиот страв и ужас што го доживеале за време на нападот што се случи за време на утринската молитва во центарот, кој служи и како верско училиште и како локална заедницa.

Окружниот судија Донован Френк рече дека доказите јасно покажуваат дека Емили Хари има намера да ги заплаши луѓето од исламска вероисповед со планиран напад, што е спротивно на американското верување дека секој поединец може безбедно и слободно да ја практикува својата вера.

– Разновидноста е силата на нашата земја. Секој што не го разбира ова, не го разбира уставното ветување што донесе многумина во оваа земја. Се помалку од 636 месеци затвор би било непочитување на законот – рече судијата, пренесува АП.

Пред да биде изречена пресудата, во судницата се појави и Хари.

– Колку и да беа благословени моите први 47 години од животот овде, не можам да се жалам за последните три, со оглед на благословениот и среќен живот што го имав. Не можам да барам од судот ништо повеќе – рече таа на судењето.

Таа потоа посака благослов од Исус Христос на жртвите што сведочеа на нејзиното судење.

Хари беше водач на групата Бели зајаци и наводно е главниот организатор на нападот врз џамијата, мотивиран од омразата кон муслиманите што ја изрази во манифестот „Правила на белиот зајак“.

Други членови на групата, кои фрлија бомба врз канцеларијата на имамот, ја опишаа како татко, а во меѓувреме ја признаа вината и се согласија да сведочат против неа во замена за намалена казна. Нивното судење допрва треба да започне.

Судијата рече дека е подготвен да му препорача на Хари да оди во женскиот затвор, но тој рече дека за тоа ќе одлучи затворскиот институт.

Хари беше прогласен за виновен за пет точки во декември, вклучувајќи уништување имот и попречување на слободното практикување верски убедувања.

Извор: АП

Видео на денот