Терористичките организации главна тема на консултативниот комитет Турција-ЕУ

EPA/ALI ABBAS

Во отворањето на 38. Заеднички консултативен комитет Турција – ЕУ, што се одржa во Брисел Претставникот на Турција во ЕУ и заменик министер за надворешни работи, Фарук Кајмакџи, истакна дека терористичката организација ПКК, и покрај тоа што се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ може слободно да води кампања во многу земји-членки на Европската Унија.

„ПКК, и покрај тоа што се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ, може да води кампања во многу земји членки на ЕУ. ЕУ треба да направи повеќе, а не само ПКК да ја прогласи како терористичка организација.“ истакна Кајмакџи

Кајмакџи посебно внимание повлече и во врска со терористичката организација ФЕТО, и рече дека таа е многу поразлична од ИСИС и од ПКК.

„ФЕТО не личи на ИСИС и ПКК, има различен стил. ФЕТО е нова генерација на терористички структури и нелегална криминална организација. Борбата против нив не е лесна. Затоа и  мерките што ги преземаме се во согласност со законите и договорите на ЕУ“.

Кајмакџи го коментираше и повикот на Европскиот парламент за суспендирање на преговорите за членството на Турција во ЕУ и рече дека тоа е голема грешка. „Пристапувањето во ЕУ е стратешка цел на Турција, тоа ќе биде така и понатаму“ додаде Кајмакџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот