фото: Принтскрин/Х

ВИДЕО: Терористички напад – три лица избодени со нож во Тел Авив, напаѓачот веднаш е убиен

Три лица се повредени во терористички напад во центарот на израелскиот град Тел Авив, објави Тајмс оф Израел.

Според израелските медиуми, жртвите се двајца мажи на возраст од 24 години, едниот во умерена, а другиот во лесна состојба и 59-годишен маж кој исто така е полесно повреден.

Нападот се случил на две локации: На улицата Нахалат Бињамин и улицата Калишер во близина, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на Црвената Давидова ѕвезда (МДА).

Изаелската национална служба објави и дека напаѓачот бил застрелан на местото на настанот, а полицијата потврдила дека нападот со нож во Тел Авив бил терористички чин.

Полицискиот комесар Дени Леви пристигнува на местото на настанот, додаде полицискиот портпарол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот