Терористички напад во храм на сиките во Авганистан

Во нападот убиени се 25 лица, осум се повредени, а 80 се спасени.

Неидентификувани напаѓачи денеска убија 25 лица во верски комплекс на сиките во Кабул, соопшти авганистанската полиција.

– Вооружените напаѓачи држеа околу 150 припадници на заедницата сики како заложници откако го нападнаа нивниот храм во Кабул. Поголемиот број од заложниците беа жени и деца кои се собраа на молитва, изјави пратеникот сик, Нарендер Синг Калса.

Тој додаде дека во нападот убиени се 25 лица, осум се повредени, а 80 се спасени.

Неколку часа подоцна портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Тарик Ариан објави дека сите напаѓачи се убиени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот