Терористички акт: Холандската полиција уапси 37-годишен маж за планирање напад врз центар за вакцинација
Холандската полиција уапси човек осомничен за планирање бомбашки напад врз центар за вакцинација на коронавирус.
Идентитетот на 37-годишниот маж уапсен на 18 март не е објавен, а властите се сомневаат дека планирал напад врз поранешната зграда на собранието во пристаништето Ден Хелдер, 90 километри северно од Амстердам, што служи како центар за вакцинација.
Обвинителите рекоа дека тие го третираат овој чин како терористички акт затоа што целта на уапсениот е „да внесе сериозен страв кај населението и да ги наруши економските и социјалните структури на земјата“.
Осомничените „на крајно насилен начин“ сакаа да го саботираат клучниот владин процес, програма за вакцинирање на државно ниво“, велат обвинителите.
„Ова исто така влијае на јавното здравје: колку помалку луѓе можат да се вакцинираат, толку повеќе жртви ќе земе вирусот“, додаваат тие.
Истрагата за откривање на можни соучесници на осомничениот сè уште трае.
Веќе имало напади врз здравствени центри поврзани со пандемијата на коронавируси во Холандија. Рачно изработена експлозивна направа ги искрши прозорците на центарот за тестирање на вирусот корона во мал град, а во јануари, млади луѓе кои протестираа против воведувањето полициски час, запалија центар за тестирање на вируси корона во селото Урк.
Поради постојаниот голем број на нови инфекции, во Холандија веќе неколку месеци се во сила строги ограничувања, поради што не работат ресторани, кафулиња и музеи.
Извор. Бета