ТЕРОРИСТИ СО АВТОМОБИЛ-БОМБА ВЛЕТАЛЕ ВО ХОТЕЛ: Најмалку 15 мртви во напад на Ал Шабаб во Сомалија

Фото: Илустрација/Профимедиа

Исламистичката група Ал Шабаб денеска изврши напад со автомобил бомба во сомалискиот град Кисмај, соопшти сомалиската полиција, наведувајќи дека е можно да има голем број загинати лица, а првичната бројка се движи околу 15 лица.

Нападот е изведен во еден хотел за време на состанок на сомалиските регионални претставници, кои дискутираа за претстојните локални избори.

По активирањето на автомобилот бомба уследила престрелка, која според сомалиската полиција траела час и половина.

Ал Шабаб соопшти дека негови припадници по бомбашкиот напад успеале да го заземат хотелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот