Терористи планирале активирање на експлозивни направи во Виена и Салцбург по Божиќ

Фото: EPA/BENEDIKT LOEBELL/Илустрација

Австриските власти објавија дека бил разоткриен заговор за извршување терористички напади по Божиќ.

Терористите планирале активирање експлозини направи на Божиќен пазар во близина на катедралата Свети Стефан во Виена меѓу Божик и Нова година како и напади во Салцбург, Германија, Франција и Луксембург.

Анонимен повик до пластите открил за подготовка на нападите.

Нападите ги планирал терорист кој е во затвор откако двапати се обидел да се присоедини на ИД во Сирија.

И покрај што што е зад решетки, водачот на групата останал во контакт со своите соучесници преку нелегален мобилен телефон што го користел во затворот.

Во полициската акција уапсени се соучесниците кои се на возраст од 25 и 31 година. Тројцата се со чеченско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот