Мајк Волц, советник за национална безбедност на САД / Фото: EPA-EFE/AARON SCHWARTZ

Териториите и безбедносните гаранции ќе бидат сржта на разговорите за Украина, вели Волц

Американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц денеска, по завршувањето на разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина, изјави дека практичната реалност е таква што основата на секоја дискусија околу ставање крај на војната во Украина ќе биде дебатата за територијата и за безбедносните гаранции.

„Ова се фундаменталните основи кои ќе бидат подлога и основа на секаков вид дискусија. Ова треба да биде траен крај на војната, а не привремен крај, како што видовме во минатото“, рече тој на прес-конференцијата на американската делегација, според „Гардијан“.

Според него, најважниот дел е што американскиот претседател Доналд Трамп ја изразил својата желба и ја покажал својата решителност да стави крај на војната во Украина и убиствата што се случуваат.

„Тоа не е во интерес на ниту една земја. Тоа не е во интерес на светот, а секако не е во интерес на САД и Европа. Значи, сите тие работи ќе ги придвижат преговорите напред“, рече Волц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот