Тереза Меј: Со Трамп делиме ист став за безбедноста и начинот на живот

Британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржаа заедничка пресконференција, при посетата на Трамп во оваа земја.

По завршување на средбата, Меј изјави дека разговарале за новите предизвици за безбедноста, вредностите и начинот на живот.

– Ние го делиме истиот став за нивното потекло и нашите цели се нивно исполнување – рече Меј.

Таа додаде дека понекогаш, како и премиерите и претседателите пред нив, и без сомнение, оние кои подоцна ќе се појават, може и тие да се разликуваат во однос на тоа како се соочуваат со тешкотиите.

Претседателот Трамп рече дека тој и неговата сопруга Меланија се почастени што повторно се во Лондон, притоа заблагодарувајќи се на британската кралица Елизабета за синоќешната „прекрасна вечер”.

Трамп рече дека американско-британските односи се втемелени за заедничка историја, вредности, обичаи, култура, јазик и закони.

– Нашите народи веруваат во слободата и независноста како свето право на раѓање – рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот