Тереза Меј очекува Македонија да добие датум за почеток на преговорите

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Познањ, ја поздрави препораката на Европската комисија за старт на преговорите за нашата земја со ЕУ и изрази надеж дека тоа навистина ќе се случи во октомври како што најавија повеќето земји членки на ЕУ.

Меј го информираше Заев и дека постапката за ратификација на Протоколот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во британскиот парламент е во завршна фаза.

Како што информира владината прес-служба, премиерите на двете земји изразија задоволство од одличните билатерални односи и надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи, особено во економската соработка. Притоа беше нагласен интересот на британските компании да инвестираат во Северна Македонија.

Премиерката Меј од која премиерот на Полска го презеде претседавањето на Берлинскиот процес и организацијата на Самитот за Западен Балкан, на средбата му честиташе на Заев за копретседавањето со овој процес со Република Бугарија во наредните 12 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот