Терасата поголема од спалната соба: Ѕирнете во луксузниот стан на пејачката Вики Миљковиќ (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Познатата српска пејачка Вики Миљковиќ (44) на социјалните мрежи се пофали со луксузниот стан кој неодамна го купила во новоизградената елитна населба – Белград на вода.

Пејачката на Инстаграм објавила делови од станот во кој набрзо ќе се всели.

Миљковиќ прво ја покажала терасата која е поголема од спалната соба и на која веќе има ставено мебел и има фантастичен поглед.

 

View this post on Instagram

 

#homesweethome #vikimiljkovic❤️❤️???? #happynewyear #svetinikola

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic) on

Вредната Вики подоцна го објавила и останатиот дел, односно внатрешноста на станот и на своите обожаватели им покажа со каква декорација ќе ги пречека гостите во четврток, кога семејството Миљковиќ ја прославува својата слава – Свети Никола.

Таа во една прилика признала дека заработените пари е најдобро да ги вложи во недвижности, што и се покажа дека е така. Вики досега во луксузниот комплекс купила дури три недвижности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот