Тепачот во бегство има бугарски пасош, Пендиков сѐ уште нема, ама ќе му издадат

Пендиков и бугарскиот ултранационалист Ангел Цамбаски / фото: Фејсбук

Еден од тепачите кои го нападнаа 21-годишниот Христијан Пендиков во Охрид е бугарски државјанин, односно имал бугарска патна исправа, пишува „Телма“, повикувајќи се на вчерашната изјава на пратеникот и поранешен министер во Бугарија, Даниел Лорел, кој ова го кажа во телевизиско интервју.

„Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски граѓанин. Бугарија треба да ги заштитува пред сѐ своите граѓани. Тој е македонски граѓанин кој се сега се декларира како човек со бугарска самосвест. Еден од тие коишто го нападнале е бугарски граѓанин. Се поставува прашањето зошто не зборуваме за него, бидејќи тој има бугарско државјанство и што правиме за негова контрола“, изјави Лорел, кој сега е пратеник во бугарскиот парламент.

По претепувањето, Пендиков за македонските истражни органи дал два различни исказа, при што во првиот ги посочил тепачите, а во вториот го посочил само приведениот и рекол дека не ги препознал другите тепачи.

Станува збор за еден од напаѓачите, кој и натаму е во бегство по инцидентот кој се случи овој месец и предизвика тензии во односите меѓу Македонија и Бугарија.

Пред неколку дена, амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, изјави дека тепаниот Пендиков, кој се лекува во Софија, пред Нова година поднел документи да му биде издаден бугарски пасош, но дека барањето е сѐ уште во процедура.

Бугарија го повлече амбасадорот Ангелов во Софија по инцидентот со Пендиков, а високи функционери се закануваа и со враќање на ветото за Македонија во Брисел.

Кој е Христијан Пендиков, претепаниот охриѓанец за кој цела јавност зборува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот