Тепачка во просториите на Општина Бутел

Фото: Општина Бутел/Фејсбук

Двајца жители на Скопје вчера попладне се степале во просториите на општината Бутел, соопшти МВР.

„На 24.12.2021 во 15.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во простории на општина Бутел, по претходна расправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(40) и В.В.(28), двајцата од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Од МВР велат дека се сочинети записници за констатиран прекршок.

Според дел од медиумите, тепачката неофицијално се случила меѓу адвокат и вработен во подрачната единица на Министерството за финансии, кое е закупец на простор во општинската зграда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот