ТЕПАЧКА ВО АВТОБУС ВО ЗАГРЕБ: Маж се жалел дека жена гласно зборува и ќе му го разбуди детето, а потоа започнал хаос!

Голема кавга, а потоа и физичка пресметка меѓу маж и жена се случил на 22 јули во загрепскиот градски автобус со број 207, а морало да интервенира и полицијата.

Според еден од сведоците во автобусот избила кавга меѓу жена на средни години и маж кој бил во друштво на сопругата и детето во количка. Жената гласно разговарала на телефон, на што се пожалил мажот говорејќи дека ќе му го разбуди бебето.

Жената на тоа му одговорила дека тоа не е нејзин проблем продолжила да разговара и се нафрлила врз брачниот пар со дете. Сведокот тврди дека тој ја спречил жената фаќајки ја за рацете, но во тоа туркање таа го повредила бебето. Пресметката продолжила надвор од автобусот каде таткото на детето физчички ја нападнал жената.

„Ја удри со рака во глава и ја турна на под. Бебето беше одведено со црвена гребаница на челото во болница, а слично се случи и со жената“, истакнал сведокот.

Пријател на нападнатата жена изјавил дека таа во пресметката заработила скршеница на вилицата и дека се наоѓа во болница каде ја чека итна операција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот