ТЕПАЧКА ВО АВИОН: Двајца бизнисмени се степаа пред летот Белград-Подгорица

Фото: Профимедиа

Двајца бизнисмени вчера се степаа во авионот на „Монтенегро ерлајнс“, пред летот кој требал да тргне од Белград за Подгорица, пренесува порталот „Вијести“.

Двајца бизнисмени започнале физичка пресметка во бизнис-класата на авионот на црногорската национална авиокомпанија.

По размената на удари, според информациите, целиот персонал се обидел да ги раздвои двете лица. Откако страстите се смириле, едниот човек останал во едниот дел на авионот, додека другиот бил префрлен во друг дел.

Еден од изворите на „Вијести“ рече дека дел од патниците очекувале тие да бидат отстранети од авионот, но тоа не се случило.

Едниот бизнисмен вели дека полицијата не дошла поради тоа што „ако тоа се случело, авионот не би полетал на време“.

– Малку се буткавме и тоа е сѐ. Немам ниту една повреда, во тоа можете да се уверите – вели едниот бизнисмен.

Од полициската Управа неофицијално е соопштено дека тепачката не е пријавена кај нив, а од пи-ар службата на „Монтенегро ерлајнс“ не одговарале на прашањата на „Вијести“ за инцидентот.

Авионот на на компанијата слетал на аеродромот во Подгорица вчера околу 20.10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот