Тепачка на тренингот на Баерн Минхен (ФОТО)

фото: твитер

Горецка добил удар од Боатенг со рака во главата, по што реагираа останатите нивни соиграчи и тренерот Ханси Флик и ги раздвоиле „завојуваните страни”.

Факт е дека Баерн сезонава игра во променлива форма и не бележи најдобри резултати како во минатите сезони.

Моментно во Бундес лигата после 19 кола на првото место е Лајпциг со 40 бодови, еден повеќе од второпласираниот состав на Флик, а веднаш зад него е Борусија Менхенгладбах (38).

Наредната бундеслигашка обврска баварците ќе ја имаат в сабота од 15.30 часот на гостувањето кај Мајнц.

Во пресрет на овој дуел се случи инцидент на најновиот тренинг на клубот, а во центарот на вниманието се најдоа Леон Горецка и Жером Боатенг.

Боатенг бил крајно незадоволен после еден невнимателен старт на неговиот клупски колега по што дојде до физичка пресметка.

Горецка притоа добил удар од Боатенг со рака во главата, па се вмешаа останатите нивни соиграчи и тренерот Ханси Флик и ги раздвоиле „завојуваните страни”.

По смирување на страстите Боатенг рекол „дека топката не била ни блиску до него, а Горецка му стартувал со отворен ѓон”. По сцената, наводно, немало ниту меѓусебно извинување и најверојатно двајцата ќе минат без казни од клубот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот