Тепачка на повеќе лица во Центарот за социјална работа Куманово

Македонска полиција/ Фото: МИА

Повеќе лица вчера физички се пресметувале во просториите на Центарот за социјална работа Куманово, информираат денеска од полицијата.

– На 09.11.2021 во 11.18 часот во СВР Куманово, Ј.И.(35) од Куманово пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од Л.А.(22) од Куманово, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во Центарот за социјални работи настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39) и В.И.(18), од една страна и Л.А.(22) и К.А.(51), од друга страна, сите од Куманово.

На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.