Тепачка меѓу соседи во Кисела Вода

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Инцидентот се случил на улицата „Христо Татарчев“.

Вчеравечер во 21.45 часот женско лице во полиција пријавило дека на улицата „Христо Татарчев“ 17 во Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица.

Како што сопшти денеска МВР, околу 21.30 часот А.Б (26) од Скопје физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред неговата куќа кршеле стаклени шишиња.

Во обид да ги спречи во нарушувањето на јавниот ред и мир, А.Б најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б, по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б (49) и неговата сопруга В.Б (26), сите од Скопје кои сакајќи да им помогнат, исто така физички биле нападнати од лицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот