Теорија на заговор и го претворил животот во вистински пекол: Потресно сведоштво на жена лажно обвинета дека го „однела“ вирусот во Кина (ВИДЕО)

Маатје Бенаси, резервист на американската армија и мајка на две деца, станала мета на теоретичари на заговор кои лажно ја претсавуваат како нулта пациент, и тоа на почетокот на пандемијата на коронавирус, велејќи дека таа ја однела болеста во Кина.

Лажните тврдења се шират секој ден, преку видеа на видео-платформата YouTube, приближувајќи се до стотици илјади прегледи, а ги „прифатиле“ и медиумите на кинеската комунистичка партија. И покрај тоа што никогаш не била тестирана како позитивна на коронавирусот, Бенаси и нејзиниот сопруг сега се предмет на дискусија на кинеските социјални медиуми, вклучувајќи ги во извештаите кои се познати двигатели на координирани активности од големи размери од страна на нивните симпатизери и следбеници.

Лажните тврдења им го превртеле животот наопаку. Двојката вели дека нивната домашна адреса е објавена на Интернет и дека, пред да ги замрзнат своите сметки, нивните сандачиња на социјалните медиуми биле преполни со пораки од луѓе кои веруваат во теории на заговор.

„Како да се разбудивме од лош сон, од ден во ден во нов кошмар“, изјавила Маатје Бенаси во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен, која за прпват зборува јавно откако нејзиниот живот се претворил во вистински пекол поради лажните вести за неа кои се шират на интернет.

  • И покрај тоа што Маатје работи за американската влада, парот ги доживува истите чувства на беспомошност кои се веќе познати од други лица кои биле цел на вознемирување поради лажни вести и дезинформации. „Сакам сите да престанат да ме вознемируваат, затоа што ова е компјутерски напад врз мене“, вели Маатје низ солзи во интервјуто за Си-Ен-Ен.

Бенаси се обидела да ги отстрани видеата од YouTube и да го спречи нивното ширење на интернет. Двојката изјави дека контактирале со адвокат, кој им рекол дека има малку што може да се стори, а пробале да пријават и во локалната полиција, која само го повторила тоа што им го соопштил адвокатот.

Теориите на заговор не се поразлични од вирусите, со тоа што тие се развиваат и мутираат за да се шират и да преживеат. Пред Маатје Бенаси да стане главниот протагонист во овој заговор, варијациите кружеа преку интернет со месеци. Во првите недели откако се дозна за коронавирусот, теоретичарите на заговор почнаа да тврдат, без докази, дека станува збор за американско биолошко оружје.

Потоа, член на кинеската влада јавно ја промовираше идејата дека американската војска го донела вирусот во Кина. Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека тврдењето е „целосно смешно и неодговорно“ за некој што зборува во име на кинеската влада, да го промовира таквото тврдење.

Како започнал пеколот

Само во март, два месеци по првите пријавени случаи на коронавирус во Кина, теоретичарите на заговор го насочија вниманието кон Маатје Бенаси. Неоснованата теорија започнала со нејзиното учество во октомври на Светските воени игри, односно воената Олимпијада, на која домаќин беше Вухан, кинескиот град каде што започна избувнувањето на коронавирусот при крајот на декември, 2019 година.

На Воената Олимпијада, Маатје Бенаси се натпреварувала во натпревар за велосипедизам, но доживеала несреќа при последниот круг. Таа се здобила со тешки телесни повреди, откако скршила ребро и доживеала потрес на мозокот. И покрај несреќата, Бенаси сепак ја завршила трката, но се покажало дека тоа е почеток на нешто полошо. Додека стотици спортисти од американската војска учествувале во игрите, Маатје Бенаси била исфрлена од групата, за потоа да ја добие „главната улога“ во теориите на заговор.

Можеби најистакнатиот и најгласен поборник за идејата дека Бенаси имала улога во имагинарната теорија на заговор за заразување на светот е Џорџ Веб, „плоден“ 59-годишен американски „двигател“ за дезинформации. Веб со години редовно емитувал емисии кои траеле со часови, ги стримал во живо на Јутјуб, каде собирал повеќе од 27 милиони прегледи, а го заследиле околу 100.000 следбеници.

Видеото на Веб кое вирално се споделува во САД и Кина

Во 2017 година, Си-Ен-Ен веќе открил како овој човек бил дел од триото теоретичари на заговор кои туркаа лажни вести за товарен брод со „валкана бомба“ кое требало да пристигне во пристаништето Чарлстон во Јужна Каролина. Бомбата никогаш не случи, но тврдењата доведоа за дел од пристаништето – едно од најголемите во Америка – да биде затворено на некое време како безбедносна претпазливост.

И диџејот Бени Бенаси вмешан во целата приказна

До неодамна, видеата што овој човек ги објавувал на Јутјуб вклучувале реклами – значи платформата, која е во сопственост на Гугл, заработува пари од дезинформациите на Веб, како и тој самиот. Веб дури тврдел дека италијанскиот диџеј Бени Бенаси, чија песна „Satisfaction“ од 2002 година стана светска сензација, го имал коронавирусот и дека тој, заедно со Маатје и Мет Бенаси, биле дел од „заговорот на Бенаси поврзан со вирусот“.

Бени Бенаси / Фото: Инстаграм

Диџејот Бени Бенаси за Си-Ен-Ен изјавил дека тој никогаш не ги запознал Маатје и нејзиниот сопруг Мет, а двојката рече дека колку што знаат, тие не се во никаква роднинска врска со него. Познатиот диџеј за Си-Ен-Ен истакнал дека Бенаси е многу често презиме во Италија.

Исто така, Бени Бенаси за Си-Ен-Ен Бизнис изјавил дека не му е дијагностициран коронавирус. Како и сите други уметници ширум светот, и тој ги откажа своите концерти поради мерките за социјална дистанца и патните ограничувања. Веб претходно тврдел дека диџејот Бени Бенаси е од Холандија, но не е, тој е Италијанец.

Гугл заработува од лажни вести

Во телефонското интервју за Си-Ен-Ен во четвртокот, кое Веб пренесувал во живо на своите следбеници на YouTube, тој не понудил суштински докази за да ги поддржи своите тврдења за парот Бенаси и рекол дека тој се смета себеси за „истражувачки репортер“, а не теоретичар на заговор.

Тој исто така рекол дека YouTube неодамна прекинал да емитува реклами на неговите видеа, откако почнал да зборува за коронавирусот. Веб рекол дека тој нормално заработувал по неколку стотици долари месечно, и тоа директно од YouTube.

Од YouTube за Си-Ен-Ен потврдиле дека во моментов каналот на Веб рекламите се отстранети, но одбиле да потврдат дали во минатото се појавувале реклами, ниту споделиле детали за тоа колку пари заработил преку неговиот канал и ширењето на лажни вести.

Портпаролот на компанијата изјавил само дека YouTube е посветен на промовирање точни информации за коронавирусот. Компанијата отстрани некои заканувачки коментари за Бенаси кои биле споделени под видеата на Вев. YouTube исто така соопштиле дека отстраниле некои видеа објавени од Веб во минатото.

Додека обвинувањата за Бенаси најверојатно се невистинити, заканите со кои се соочуваат и стравот кој го чувствуваат, се многу реални.

Штетата е веќе направена

„Спроведувањето на законот ќе ви каже дека нема ништо што би можеле да сториме за тоа што имаме право на слободен говор во оваа земја. Потоа тие велат: „Оди разговарај со граѓански правобранител“, така и направивме. Разговаравме со адвокат. Брзо сфаќаш дека за луѓе како нас, тоа е исто така премногу скапо за да се расправаме на суд за вакво нешто. Ние не добиваме регрес од спроведувањето на законот. Не добиваме регрес од судовите “Мет Бенаси рече дека се пожалил и до YouTube, но дури и кога компанијата презема акција за бришење видеа, може да потрае неколку дена додека да го стори тоа. Дотогаш, видеото може да стане „вирусно“, да се шири без контрола, а штетата е веќе направена. Уште полошо: видеата што Веб ги објави на YouTube кои веќе се отстранети, честопати повторно се прикачуваат на платформата, вели Мет, сопругот на Маатје Бенаси.

Во Кина, видеата на Јутјуб што ја напаѓаат Бенаси се поставени на популарните платформи кои се користат таму, како што се WeChat, Weibo и Xigua Video и се преведени на кинески, според анализата на Кенан Чен, истражувач од „First Draft“, непрофитна организација која истражува дезинформации.

Искуството на парот Бенаси, за жал, не е единствено, вели Даниел Цитрон, професор по право на Универзитетот во Бостон. Соочени со „сајбер-мафијаши“, како што ги опишува Цитрон, спроведувањето на законот често не може или нема да ги испита.

Што и да се случи следно, „штетата е направена“, според Маатје Бенаси. „Знам дека никогаш нема да биде исто. Секогаш кога ќе го пребарате моето име на Google, ќе се појави лажна вест дека јас сум нулта-пациент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот