Теодосиќ наместо на Мундобаскет, на лечење во Болоња – Слободен печат
КошаркаСпорт

Теодосиќ наместо на Мундобаскет, на лечење во Болоња

Кошаркарската репрезентација на Србија на престојното СП во Кина ќе замине без плејмејкерот Милош Теодосиќ.

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ, поради повреда на стапалото најверојатно нема да настапи на Светското првенство во Кина (31 август – 15 септември). По деталните лекарски прегледи е утврдено дека е скинат дел од тетивата на стапалото.

– Станува збор за обновување на стара повреда која го мачеше Теодосиќ. Веднаш започнавме со интензивна терапија која ќе ја правиме во наредните неколку денови. Потоа ќе се направат нови рендгенски снимки по што ќе биде познато колкава ќе биде паузата за кошаркарот – изјави докторот на репрезентацијата на Србија, Драган Радовановиќ.

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ одлучи да му излезе во пресрет на новиот тим на Теодосиќ, Виртус, и му дозволи на кошаркарот да замине во Болоња за да ја продолжи рехабилитацијата под надзор на италијанските доктори со што и дефинитивно отпадна од комбинација за настап на Мундобаскетот во Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close