-1 C
Скопје

Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, денеска е неговиот празник

Верниците на Македонската православна црква денеска го празнуваат Преподобен Теодосиј Велики.

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Затоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта и во слава Божја истовремено се служеше и пееше на грчки, ерменски, грузиски итн. Но, во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господа кога имаше сто и шест години, во 529 година.

Прочитајте и...  Владата „преживеа“, на ред се интерпелациите

Поврзани вести

Усвоeна Концепцијата за осново образование: Следува изработка на нови наставни програми

Слободен печат

Владата задоволна од изгласаната доверба и бара деблокирање на Собранието, опозицијата и натаму го оспорува мнозинството

Слободен печат

Да се обезбеди скрининг на сите новороденчиња веднаш по раѓањето

Семејството и пријателите – најсигурен извор на пари

Соња Кириџиевска

🔴 СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7:30 до 10:30 е во тек!

СП.

На „Тик-ток“ кружи предизвик за самоубиство, родители внимавајте на своите деца

Горан Наумовски

Остави Коментар