Тензијата расте: Израел го возврати ударот, воздушни напади врз јужен Либан

Ал Акса (арапски: المسجد الاقصى, Al-Masjid Al-Aqsa) е џамија која се наоѓа во Ерусалим. Оваа џамија е една од најпознатите муслимански светилишта / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFAD

Израелски борбени авиони извршиле два напада врз цели во предградието на либанскиот град Махмуд, околу 12 километри од израелската граница, објави телевизијата Ал Манар, пренесува Њујорк Тајмс.

Авионите рано утрово, како одговор на претходните проектили истрелани врз Израел од либанска територија, нападнале рампи за лансирање ракети во јужен Либан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за ракетниот напад извршен од јужен Либан, каде превласт имаат припадниците на Хезболах, поддржани од Иран.

Израелската војска во четвртокот соопшти дека нејзините борбени авиони, како одговор на ракетните напади, погодиле места од кои биле истрелани ракети кон Израел и инфраструктура „која се користи за тероризам”.

ВИДЕО: Три проектили испукани од Либан кон Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот