Тензиите во Персискиот Залив не стивнуваат, Иран ќе парадира

Фото: Профимедиа

Иран на 22. септември во Персискиот Залив ќе ја оддржи својата годишна воена парада, на која ќе учествуваат 200 бродови, објави порталот „Иран фронт пејџ“, повикувајќи се на воени извори.

Според „Ројтерс“, земјата на Блискиот Исток одлучила да ја одржи годишната воена парада во моментот на зголемени тензии на Вашингтон и Техеран.

– Околу 200 бродови и брзи чамци на иранската Револуционерна гарда ќе учествуваат на парадата во Персискиот Залив на 22. септември, за да ја одбележат годишнината од почетокот на иранско-ирачката војна од 1980 година – наведува иранскиот портал, а пренесува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот