Тензиите во Мјанмар растат, не се знае дали ќе има избори

Фото: EPA/NYEIN CHAN NAING

Воената влада на Мјанмар на втората годишнина од преземањето на власта соопшти дека ја продолжува вонредната состојба која е на сила од почетокот на 2021 година.

Националниот совет за одбрана и безбедност ја продолжи вонредната состојба за уште шест месеци.

Советот оцени дека состојбата во земјата се уште не е нормализирана и дека е потребно време земјата да се подготви за мирни и стабилни избори.

Националниот совет за одбрана и безбедност, според Уставот е владејачко административно тело, но сега го контролира само армијата.

Датумот на изборите се уште не е објавен, иако шефот на владејачкиот воен совет Мин Аунг Хлаинг ги најави за август, јавува Радио Слободна Европа.

Во новиот оглас се наведува дека изборите ќе се одржат „кога ќе бидат исполнети целите на вонредната состојба“.

Воената состојба и дозволува на војската да ги преземе сите државни функции, давајќи му на Хлаинг законодавни, судски и извршни овластувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот