Тензиите растат: Украинскиот суд побара да се заплени руски танкер

Судот во Киев го конфискуваше рускиот танкер, кој беше задржан во пристаништето Измаил на 25 јули, изјави денеска главниот воен обвинител Анатолиј Матиос.

„По разгледувањето на соодветното барање, Судот го заплени спомнатиот брод и документите конфискувани за време на претресот“, соопшти Матиос на Фајсбук.

Тој тврди дека истражните работи на овој брод без дозвола на рускиот конзул биле легални.

– Согласно важечките меѓународните договори, ратификувани од Русија и Украина, нема потреба за добивање согласност или дозвола од претставници на дипломатска мисија или конзуларно претставништво на странска држава за спроведување истражни работи на морски или речен брод на украинска територија. Тоа го направивме легално – истакна тој.

Службата за безбедност на Украина и Канцеларијата на воениот обвинител на 25 јули го задржа танкерот „Ника Спирит“ со десет членови екипаж во пристаништето Измаил, во областа Одеса. Украина тврди дека претходно се викал „Нејма“ и оти учествувал во блокирањето на украинските воени бродови за време на инцидентот во Керчанскиот теснец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот