Тензиите од Блискиот исток се прелеваат во Германија: Напади врз синагогите во Бон и Минстер

Тензиите од Блискиот исток се прелеа во Германија, каде се случија напади врз две синагоги.

Во Бон синоќа неколку млади луѓе фрлаа камења кон синагогата. Полицијата на лице место открила и три хартии со арапски натписи. На тротоарот наидоа на израелско знаме кое гореше.

Тројца мажи на возраст од 20 и 24 години беа привремено лишени од слобода. Во Минстер полицијата спроведува истрага по палењето на израелското знаме. Група од околу 15 лица го запалија израелското знаме пред синагогата во овој германски град.

Сведоците на овој чин повикаа полиција, која уапси 13 лица против кои ќе бидат покренати обвиненија.

ВИДЕО: Хаос и крвопролевање повторно во Ерусалим – зошто овој град е толку важен?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот