Тензиите на Блискиот исток повторно ја зголемија цената на нафтата

Нафта / Илустративна фотографија - СП. архива

Цените на нафтата денес пораснаа поради ескалациите на тензиите на Блискиот исток. Во исто време, од друга страна, спласнаа надежите за брзо постигнување на решение на американско-кинеската трговска војна, која имаше големо влијание на растот на глобалната економија и цените на „црното злато“.

Цената на американската „лесна“ нафта (WTI) денес порасна за 23 центи или за 0,42 отсто на 55,44 долари за барел, додека северноморската нафта „брент“ поскапе за 32 центи или за 0,53 отсто на 61,23 долари за барел, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ вчера помина низ Ормутскиот Теснец, низ кој се пренесува околу една петина од светска нафта, откако иранските лидери ги обвинија странските сили на повеќедневните протести поради зголемувањето на цените на горивата во таа земја.

Тензиите во Персискиот Залив ескалираат уште од летото, кога се случија повеќе напафи на нафтени такнери, а потоа и на една клучна саудиска нафтена постројка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот