Тензии во соблекувалната на ПСЖ, Рамос спречил тепачка меѓу Мбапе и Нејмар

Килијан Мбапе и Нејмар не се поднесуваат/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерите на ПСЖ на одличен начин ја отворија новата сезона, постигнаа 10 гола во првите два натпревари, но тензично е во соблекувалната на „светците“ бидејќи две ѕвезди, Килијан Мбапе и Нејмар не се поднесуваат, а поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос спречил нивна тепачка.

Според весникот, двајцата фудбалеи прво се гаѓале со шишиња за вода, а потоа тргнале и физички да се пресметаат, но во тој момент реагирал Рамос кој застанал меѓу нив и спречил поголем инцидент.

Во второто коло од Лига 1, ПСЖ со 5:2, но навивачите на „Паркот на принцевите“ исто така видоа дека односите меѓу Нејмар и Мбапе не се најдобри.

Мбапе во 23 минута имаше можност да му донесе водство на ПСЖ, но не го реализира пеналот и забележлива беше нервозата за време на целиот натпревар, а се кулминира кога побара од Нејмар да му дозволи да изведе уште еден пенал.

Бразилецот не ја даде топката и тоа го разлути Мбапе кој летово потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ со кој освен огромна плата од 50 милиони евра по сезона, доби и големи овластувања. Француските медиуми шпекулираат дека Мбапе го има последниот збор кога станува збор за трансферите,односно управата се консултира со него за секое засилувања или продажба на играч.

По последниот свиреж на судијата, тензиите меѓу Мбапе и Нејмар кулминирале во соблекувалната каде искусниот Серхио Рамос спречил тепачка помеѓу Нејмар и Мбапе, пишува „Ле Паризиен“.

Веднаш по случката, челниците на ПСЖ ги повикале двете ѕвезди на разговорот каде спортскиот директор Луис Кампос им објаснил дека сите несогласувања мора да бидат решени во соблекувалната, а не на теренот пред ТВ камерите.


Наводно, двајцата фудбалери ја спуштиле топката, но во исто време се појавија информации дека Мбапе побарал од челниците на ПСЖ да го продадат Нејмар до крајот на летниот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот