Тензии на протестите во Албанија, судири меѓу демонстрантите и полицијата

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Протестите на албанската опозиција одржани во саботата навечер во Тирана овој пат заврши со судири меѓу полицијата и демонстрантите.

МВР на Албанија соопшти дека 5 полицајци се хоспитализирани како резултат на повреди од употребата на пиротехнички средства и фрлањето на тврди предмети од страна на демнтстрантите.

Од Демократската партија на Албанија велат дека има 15 повредени, меѓу кои и новинари откако полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите.

За време на протестите беше запалено и едно возило за кое, полицијата тврди дека е запалено од страна на демонстрантите додека опозицијата тврди дека возилото е запалено од страна на полицијата.

Претседателот на опозициската партија, Љуљзим Баша, објавувајќи фотографии од протестите на социјалните мрежи го прогласи крајот на сегашната власт. Додека од втората опозициска партија, изјавуваат дека владата на Рама е единствената неуставна група во Албанија.

Од друга страна, албанскиот премиер, Еди Рама, се солидаризираше со повредените полицајци. „Тоа се повреди од слепи удари од страна на слепи партии коишто маршираат кон самоуништување.“ изјави Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот