Тензично во Тропоја, се кршат гласачки места (ВИДЕО)

фото: Balkanweb.com

Неидентификувани лица, денеска влегле во просториите на Зонската комисија за изборна администрација (ЗКИА) број 9, во Културниот дом во Бајрам Цур во Тропоја, Албанија, остранувајќи ги оттаму изборните материјали.

Како што јавува „Балканвеб“, лицата се судриле и со полицијата. Дописникот на истиот медиум јавува дека таквиот потег доаѓа по писмената комуникација во кое Општината на Бјрам Цур бараше од раководните лица на ЗКИА број 9, да го предатат до 10 часот денеска, целиот изборен материјал во Општината, спроведувајќи ја одлуката на албанскиот претседател Мета, изборите да не бидат одджани на 30 јуни.

Во видеото кое го обајвува „Балканвеб“, изгледа дека внатре во гласачкото место по тој миг влегле и симпатизери од опозицијата.

Локалните избори во Албанија требаше да се одржат на 30 јуни, но со одлука на претседателот Илир Мета тие беа одложени. Ваквата одлука е неприфатлива за властта, која сака да ги одржи изборите токму на тој датум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот