Тензично во соблекувалната на Барса по ремито со Селта, деновите на Сетиен одбројани

фото: твитер

Најновите информации од Шпанија велат дека тренерот Кике Сетиен ја загуби довербата на фудбалерите.

Барселона е на добар пат да ја загуби титулата во Ла Лига, Реал Мадрид има два бода повеќе пред големиот ривал и далеку полесен распоред до крајот на сезоната. Еден од клучните натпревари со кои Барселона го загуби чекорот е саботното реми во Виго против Селта, по кое Луис Суарез јавно го нападна тренерот Кике Сетиен дека е главен виновник за слабата игра, а медиумите во Шпанија откриваат дека било бурно во соблекувалната.

Имено, во соблекувалната избила голема кавга, фудбалерите биле гневни на одлуките на Сетиен во завршницата од натпреварот и отворено го обвинија дека тој е главниот виновник за губењето на двата бода.

Тие најмногу му замеруваат што во финишот го извади од игра Суарез кој ги постигна двата гола за Барселона и на неговото место го внесе Антоан Гризман, додека младиот Пуиг го замени Артур кој веќе потпиша договор со Јувентус.

Шпекулациите од Шпанија велат дека Кике Сетиен ќе го дочека крајот на Ла Лига на клупата на Барселона, а потоа ќе добие отказ и во завршницата од Лигата на шампионите фудбалерите ќе бидат предводени од нов тренер.

Од друга страна, навивачите на каталонскиот тим го посочија спортскиот директор Ерик Абидал како главен виновник бидејќи го избрка Ернесто Валверде кој ја имаше поддршката од фудбалерите, а потоа во јавноста ги нападна ѕвездите како Лионел Меси, Жерар Пике, Луис Суарез…

До крајот на Ла Лига останаа уште шест кола, но Барселона можно е да се прости од титулата веќе утре доколку не успеее да го победи Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот