Тензично во Индија: Употребен солзавец во универзитетска библиотека (ВИДЕО)

Индиски студенти се судрија денеска со полицијата, протестирајќи поради усвојувањето на новиот закон со кој се овозможува добивање државјанство на имигрантите кои не се муслимани, а кои влегле нелегално во Индија од неколку соседни земји.

Полицијата употреби солзавец во Силампурр, во Њу делхи, со цел да ги растера демонстрантите кои фрлале камења врз нив.

Протести се организирани и во индиските држави Западен Бенгал, Керала и Карнатака.

Индискиот парламент минатата недела усвои закон со кој ќе им се доделува државјанство на граѓани кои не се муслимани, а кои пристигнале од соседните земји.

Државјанство ќе им биде овозможено на будистите, христијаните, индусите, џаинистите, сиките, кои ги напуштиле Пакистан, Авганистан и Бангладеш поради верскиот прогон пред 2015 година. Законот не се однесува на муслиманите.

Партијата на индискиот премиер Нарендра Моди го опиша новиот закон како “хуманитарен чин”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот