Тензично во Атина: Маскирани лица ја нападнаа полицијата

Најмалку десет лица се приведени и предизвикана е материјална штета во инцидентите во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на грчките анархисти, по протестот за 11-одишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Тензиите и инцидентите, што сè уште траат, но со намален интензитет, почнаа кога маскирани лица ја нападнаа полицијата со предмети, главно со мермер и Молотови коктели, по што полицијата интервенираше со шок бомби и солзавец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот