Тениското топче може да биде опасен проектил: Повреди од потрес на мозокот до инфаркт

EPA-EFE/WALLACE WOON

Тенисот не е контакт-спорт, но, тениското топче може да биде опасен проектил, бидејќи лета со голема брзина и ако удри во одредени осетливи делови од телото на противникот, може да зададе сериозни повреди.

Најпопасни се ударите со топче во окото на тенисер(к)ите. Окото е учувствителен орган и може да биде сериозно повредено, а силен удар може да предизвика и трајно слепило.

Тоа беше случај кога Мартина Хингис во полуфиналето на ЛОИ 2016 ја погоди во окото противничката Андреа Хлавацкова. Чехинката беше повредена и не можеше да го продолжи мечот. По мечот Чехинката ја обвини Швајцарката дека намерно ја погодила во око.

Опасни се ударите во слепоочницата. Таков случај имаше во 1936 година кога Фред Пери беше погоден во тој дел од главата, по што падна во несвест на теренот.

Може да бидат опасни и ударите со топче во тилот. Британката Сара Борвел по таков удар го продолжи мечот, но потоа се утврди дека имала потрес на мозокот и повреда на овој орган што доведе до проблеми со рамнотежата и со меморијата.

Удар во срцето исто така може да биде опасен, иако ова се многу ретки случаи. Таков случај е забележан во 1918 година во Шведска, а жртвата преживеала, иако состојбата и била слична на тежок инфаркт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот