Тенискиот свет го „отпиша“ Новак Ѓоковиќ

twitter.com/usopen

Медведев е моментално играч кој се наоѓа во најдобра форма, и апсолутно е тема број еден кога се во прашање тенисерите. Многумина веќе забораваат на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, како и нивната трка за првото место на АТП ранг листата.

Медведев одигра шест финални мечеви на претходните шест турнири и има половичен успех – три титули и три порази.

twitter.com/UbiTennisEng

Русинот ги победуваше најдобрите на светот, но во финалето на УС Опен загуби по голема борба од Рафаел Надал и секако би сакал тоа да го промени во иднина.

– Секој меч е посебна приказна. Оваа година го подигнав нивото на игра. Сега би сакал да го победам Надал, како и повторно да го совладам Ѓоковиќ. Ќе се обидам да триумфирам на секој дуел кој ќе го одиграм – рече Медведев.

Четвртиот светски рекет зборуваше и за искуството кога го запозна Рожер Федерер.

– Имам добар однос со него. Го запознав во 2013 година кога бараше спаринг партнер како подготовка за американската турнеја. Три дена тренирав со него во Цирих, една одлична личност – додаде рускиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот