Тениски спектакл во Белград, Ѓоковиќ го најави доаѓањето и на Зверев

твитер

Претходно учеството на турнирите во организација на првиот тенисер на АТП ранг листата го потврдија и Доминик Тим, Григор Димитров и Марин Чилиќ.

Новак Ѓоковиќ е организатор на „Adria Tour“, а првиот од четирите турнири ќе се игра на 13. и 14. јуни во Белград. Останатите домаќини на  „Adria Tour“ се Задар (20/21 јуни), Црна Гора (27/28 јуни) и Бања Лука (3/4 јули), покрај тоа на 5. јули, Ѓоковиќ во Сараево ќе одигра егзибициски дуел со Дамир Џумхур.

Покрај тоа, Ѓоковиќ најави дека на дел од турнирите ќе учествуваат  и тенисери од топ 10 ранг листата, како Доминик Тим и Александер Зверев, а учеството го потврдија и Григор Димитров и Марин Чилиќ.

– Среќен сум што ќе можам да играм пред домашната публика во Белград но и во регионот. Турнирот е од хуманитарен карактер и сите приходи ќе бидат наменети за одредени организации. Некои од тенисерите ќе играат на сите турнири, а покрај Доминик Тим и Григор Димитров, учеството го потврди и Александар Зверев – изјави Ѓоковиќ кој додаде дека се надева оти ќе биде дозволено да присуствува и публиката доколку го овозможат тоа условите.

– Турнирите ќе бидат во Белград и Задар, а Црна Гора и БиХ сè уште не се 100% потврдени како сигурни локации но работиме и тоа да се случи. Тим ќе игра во Белград, Зверев во Белград и можеби во Задар, Димитров треба да игра во Белград и Црна Гора. Сакаме да организираме и неколку натпревари за нашите тенисерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот