Тениската егзибиција во Саудиска Арабија без Ѓоковиќ

twitetr/djokernole

Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од егзибицискиот тениски турнир кој во декември ќе се одржи во Дирија, Саудиска Арабија, а наградниот фонд ќе изнесува три милиони долари. Овој турнир беше предвидено премиерата да ја има минатата година, но поради тензиите поврзани со убиството на новинарот Џамал Кашоги, беше одложен.

Српскиот тенисер одлучи да го откаже учеството на турнирот во Саудиска Арабија иако претходно изрази желба да настапи. Но, проблемите со повредата на рамото го натераа по завршувањето на сезоната да замине на подолг одмор и терапија за да биде подготвен за новата сезона која започнува во јануари идната година и неговото место ќе го зазеде Станислас Вавринка.

Турнирот е предвидено да се одржи од 12 до 14 декември, а предвидено е да учествуваат осум тенисери, засега се познати само четврорица, Вавринка, Данил Медведев, Фабио Фоњини и Давид Гофан, иако желбата на организаорите беше на него да настапат и најдобрите тројца тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот