Тениска класика во Лондон: Федерер или Надал? (ВИДЕО)

twitter.com/Tennis

За првпат после 11 години, Федерер и Надал ќе играат на грен слем турнирот во Лондон, „Вимблдон“. Во второто полуфинале првиот светски рекет Ѓоковиќ ги одмерува силите со Баутиста Агут.

Денеска во полуфиналето ќе се сретнат двајцата великани, пријатели кои релативно имаа лесни четвртфинални обврски.

Швајцарскиот натпреварувач имаше помали потешкотии со Јапонецот Нишикори, бидејќи го загуби првиот сет, но потоа ги доби наредните три.

Досега трипати се сретнале на „Вимблдон“, двапати поуспешен Федерер, а сите се сеќаваат на легендарното финале од 2008 година во кое славеше Надал, а славниот Џон Мекинро го дефинирираше како „најдобриот тениски меч во историјата“.

Федерер на „Вимблдон“ одиграл вкупно 107 мечеви, славеше на 95, додека Рафа од 59 дуели триумфирал на 48.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот