Тенисерките поразени од Косово во ФЕД Купот

Лина Ѓорческа не се закити со трофеј во Ираклион/фото: приватна архива

Женската тениска репрезентација на Македонија е поразена од Косово со 2:1 во второто коло од Третата Евроафриканска Зона во ФЕД Купот.

Прва на терените во Хелсинки, Финска се појави Магдалена Стоилковска која во три сета со 2:6,6:3,7:5 загуби од Доника Башота со 2:6, 6:3, 5:7, а потоа пораз доживеа и нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа. Таа загуби со 1:6, 6:3, 2:6 од Арлинда Рушити.

Единствениот бод за Македонија го донесоа Ана Ристевска и Александра Симева кои во конкуренција на двојки со 6:4,6:1 гипобедија Ѓинај и Укехаџај.
Во наредното трето коло, Македонија ќе се сретне со селекцијата на Алжир в четврток, додека противник во последното коло кое се игра во петок е Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот