Тенисерките по стапките на мажите, го менуваат ФЕД лупот

ФЕД купот ќе претрпи измени во форматот на натпреварување, и ќе биде идентично како  машкиот Дејвис Куп. И кај тенисерките,  ќе има завршен турнир на кој ќе настапуваат 12 репрезентации, а финалниот турнир ќе се игра во април месец.

Од 2020 до 2022 година натпреварувањето ќе се одржува во Будимпешта на земјена подлога. Предвидено е квалификациите да се одржуваат во февруари, а во нив ќе учествуваат 16 репрезентации.
– Се консултиравме со акционерите и работевме заедно со здружението на тенисерки и со ВТА за да бидеме сигурни дека новиот формат ќе биде интересен за сите – изјави Дејвид Хагерти, претседателот на Светската тениска федерација (ИТФ).

Осумте победници од квалификациите ќе се приклучат на завршниот турнир на финалистите од годинава, Франија и Австралија, домаќинот Унгарија и една земја која ќе добие специјална покана. Наградниот фонд на натпреварувањето кое ќе го носи името „Светско првенство во тенис ФЕД куп“ ќе изнесува 18 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот